Струга ТЛ го чува врвот, Брера пред тешка мисија

49

По пауза од речиси три недели, лидерот на табелата во шампионатот, тимот на Струга Трим Лум им се враќа на првенствените обврски и во натпревар од десеттото коло ќе го пречека составот на АП Брера. Амбициите се јасни, да се оствари нов триумф и со тоа да се сочува и врвот на табелата.

Пред овој дуел, од таборот на лидерот на табелата зборува Шабан Зенку.

„Натпреварот со АП Брера го очекуваме како и секој друг — со максимален фокус за да ја постигнеме целта, а тоа е победа. Сигурен сум дека ќе се бориме максимално за секој топка, без разлика кој ќе биде на терен. Секој фудбалер е подготвен да го даде најдоброто од себе и очекувам нова победа. Се разбира, имаме максимален респект за противникот АП Брера, тие сигурно нема лесно да се предадат. Но, ние сме подготвени за надигрување“, изјави Зенку.

Фудбалерите на АП Брера се подготвени за големиот предизвик, денешното гостување кај лидерот на табелата, Струга Трим Лум. Тимот на Мартин Алаѓозовски повторно ќе треба да се вклучи во првенствениот ритам, а пред себе го има составот кој покажа најмногу во првите девет кола од шампионатот.

„Мисијата е тешка, но не и невозможна“, порачуваат од таборот на Брера.  За да забележи позитивен резултат крај езерото, на дуелот против стружани, ќе мора многу работи во тимот на АП Брера да функционираат беспрекорно. Свесен е за тоа и младиот стратег Мартин Алаѓозовски, но и сите негови избраници.

Денешниот меч од десеттото коло меѓу Струга Трим Лум и АП Брера е закажан во 14:30 часот.

ПретходноМладост УГД го отвори колото со победа, шампионот гостин во Кичево
СледноШК Алкалоид влегува со реални шанси за медал на ЕКК