Тиквеш и Чаир одиграа драматичен меч, победникот беше решен после продолжение. Кавадарчани го запишаа вториот триумф оваа сезона, откако славеа со 92-83.
Кавадарчани имаа шанса овој дуел да го добијат во регуларните минути, особено ако се земе во предвид дека во третата четвртина има двоцифрено водство од 55-44, додека на средината на третиот период имаа и позитива од шест поени (70-64). Гостите вратија со 8-0 за 70-72. Сепак после 40 минути игра никој не успеа да го реши мечот во своја корист. Во продолжението се играше исто „тесно“, а бодовите му припаднаа на домашниот тим. На крајот од мечот имаше прекин, а причината беше бунтот од страна на гостинскиот тренер, Рамадан, кој заработи и техничка грешка.
Андерсон со дабл-дабл од 25 поени и 12 скока беше лидер кај победникот, на другата страна Билингсли имаше 23 поени и 11 скока.










