Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

35
Фото: Борусија Дортмунд Х

Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот.

Се очекуваше Борусија да доминира и создава шанси – така и беше, но голови немаше сè до самиот финиш и судиското продолжение.

Во првото полувреме домаќините имаа неколку добри шанси, но резултатот остана 0:0.

Еден од јунаците на мечот беше голманот на гостите, Марвин Швебе, кој во второто полувреме одбрани неколку извонредни удари, сепак, не успеа да го спаси својот тим во последните моменти.

Во самата завршница, по доста среќни околности за Дортмунд, кој играше со играч повеќе последните неколку минути (бидејќи тренерот на Келн ги искористи сите измени), Бајер упати удар – Швебе ја допре топката, но недоволно за да ја промени насоката.

Со оваа победа, Борусија Дортмунд ја прекина серијата од две средби без триумф (против Баерн и Лајпциг) и се искачи на третото место, додека Келн остана на осмата позиција.

ПретходноГРК Тиквеш според планот против Прилеп
СледноШишкарев ги посети „црвено-црните“ и порача: Вардар ми е во срцето!