Вардар 1961 денеска имаше посебен гостин во соблекувалната после победата над Бутел Скопје на домашен терен. Данил Шишкарев, еден од ракометарите кои со „црвено-црните“ освои бројни пехари е гостин во Скопје, а се чини и на Вардар 1961.
Тој ги поздрави сите ракометари потенцирајќи дека Вардар се уште има големо место во неговото срце.










