Њукасл со голот на Бруно Гимареш во 90.минута успеа да слави над Фулам со 2:1 и да освои големи три бода. Но не беше баш така лесно за фаворитот иако ја имаше сета поддршка од трибините на преполниот „Ст.Џејмс Парк“.
Марфи во 18.минута донесе водство од 1:0. И кога се чинеше дека Њукасл без поголеми проблеми ќе дојде до победата, Лукиќ во 56.минута донесе израмнување за Фулам од 1:1.
Се чекаше 90.минута за да со голот на Гимараеш, сепак домашните освоија три бода.
На “Стемфорд Бриџ“ сензација. Челзи – Сандерленд 1:2. Голем кикс на составот на стратегот Енцо Мареска.
А се требаше да биде поинаку ако се знае дела Гарначо уште во 4.минута реализираше за 1:0 за Челзи. Сепак Сандерленд покажа дека не бадијала оваа есен во Премиер-лигата игра фантастично.
Исидор во 22.минута донесе израмнување, а Талби во 90+3.минута стрелаше за 1:2, за победа на Сандерленд.










