Лацио минимално подобар од Јувентус

20
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А.

Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата минута. До крајот на натпреварот гледавме доста тврд фудбал без многу шанси на двете страни. Во неколку наврати Јуве притискаше и бараше пат кон голот на Проведел, но чуварот на мрежата на Лацио одлично ги затвори сите приоди кон својот гол и ја зачува мрежата недопрена.

Со оваа победа Лацио остана на 10-тото место со 11 бода, а Јувентус ја продолжи лошата серија и се наоѓа на 8-мото место со еден бод повеќе.

ПретходноАморим го сака Левандовски во Јунајтед
СледноНова победа за Ландо Норис во трката за големата награда на Мексико