Пелистер не го менува ритамот, лесно до „четири од четири“

44
Фото: КК Пелистер

Екипата на Пелистер остана во друштвото на непоразени и после четвртото коло во Првата лига. Битолчани на домашен терен ја оправдаа улогата на фаворит против Феникс совладувајќи го со 89-68.

Мечот започна со едноминутен молк во чест на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски, чиј живот згасна прерано.

Кошаркарите на Пелистер и покрај згуснасниот распоред поради европските обврски чекорат според плановите. Следен предизвик е Керавнос во рамките на третото коло во ФИБА Евро Купот.

Гостите подобро влегоа во мечот, водеа со 6-13, но домашниот тим после негативата од шест поени, со серија од 18-0 поведоа со 29-17. Од овој момент ја започнаа својат доминција, го контролираа резултатот до саамиот крај и сосема заслужено се радуваа.

Крстевски со 17 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Вилсон со 15. Во редовите на Феникс, кој го запиша третиот пораз, Златевски имаше 16 поени.

ПретходноЛука Дончиќ повторно се повреди, ќе паузира најмалку една недела
СледноЈамал беше убедливо најслаб на „Ел Класико“, Белингем оценет како „играч на мечот“