ПМФЛ полувреме: Силекс одигра одлични 45. минути против Пелистер (ВИДЕО)

84
Фото: ФФМ

Десеттото коло од ПМФЛ шампионатот денеска продолжува со дуелот помеѓу Силекс и Пелистер кој што се игра во Кратово.

На тешкиот терен, и дождливо време домаќинот и тоа како подобро се снаоѓа затоа што води со 1:0 со голот на Додев. И не само тоа, Силекс упати уште пет, шест сериозни удари кон противничкиот гол преку Алиќ, Мирчевски, стрелецот Додев, Пиреш, и слободно може да се каже дека заслужи да води и со два разлика.

Од друга страна Пелистер во продолжението на овој меч мора да го подигне нивото на играта, доколку сака нешто да заработи од овој дуел, а не да остане со празни раце.

 

ПретходноЛогично размислување на тренерот на Челзи: Ако не можеш да победиш, барем не треба да изгубиш
СледноТорино со пресврт до домашен триумф против Џенова