Арсенал и натаму „гази“, Астон Вила го победи Сити (ВИДЕО)

28

Тимот на Арсенал и натаму игра фантастично на стартот на новата Премиер лигашка сезона. Предмалку „Топџиите“ на домашен терен со минимални 1:0 го совладаа Кристал Палас и на тој начин ја задржаа првата позиција на табелата.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Еберечи Езе во 39. минута од мечот.

И додека Арсенал ги исполнува очекувањата сезонава, а секако и амбициите, тоа не може да го каже тимот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ загубија на гостувањето кај Астон Вила исто така со минимални 1:0. Човекот на одлука во Бирмингем беше Мети Кеш во 19. минута, а гостите иако имаа седумдесетина минути ад се опорават резултатски сепак, тоа не се случи.

Борнмут ја продолжи агонијата на Нотингем Форест, со триумфот од 2:0. Таверние и Крупи се запишаа во листата на стрелците уште пред полувреме.

Конечно, Барнли со 2:3 освои три бода на гостувањето кај Вулверхемптон. Флеминг со два брзи гола за половина час донесе 0:2, за да во вториот дел домаќинот преку Ларсен и Мунетси израмни на 2:2. Сепак, во пеѕѕаѕа минута од продолжението Фостер повторно ги носи гостите во водство овојпат за конечни 2:3.

https://ok.ru/video/10820336421617

 

ПретходноМарсеј го повлече бројот на легендарниот Манданда
СледноБарди со гол против Генчербирлиги донесе гостински триумф (ВИДЕО)