Барди со гол против Генчербирлиги донесе гостински триумф (ВИДЕО)

129
фото: Halil Yılmazer (X)

Енис Барди и неговиот тим Коњаспор денеска се „добитни“ на гостувањето кај тимот на Генлербирлиги. Нашиот интернационалец е стрелец во победата од 1:2, и беше клучниот играч за пресвртот на гостите на овој дуел.

Барди како и обично, каде и да игра е двигател на нештата, и е клучен играч, па така и во составот на Коња. За него ова е трет гол сезонава, а погоди во можеби најбитниот дел од мечот. На стартот на вториот дел во 49. минута, а потоа и тој и неговите соиграчи направија се за да ги освојат трите бода.

Во моментов тимот на Коња е на осмата позиција со 14 бодови во турскиот шампионат.

 

ПретходноАрсенал и натаму „гази“, Астон Вила го победи Сити (ВИДЕО)
СледноДибала и носи на Рома нов триумф