Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски постигна ефектен гол од слободен удар на денешниот меч меѓу Олимпија и Домжале во кој неговиот тим загуби на домашен терен со 1:2.
Митровски го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар во 22. минута, но до крајот на мечот гостите кои инаку се последни на табелата, успеаја да направат пресврт и со два гола да дојдат до победата.
Митровски беше на теренот до 83. минута, кога беше заменет. Инаку, нашиот интернационалец денеска освен што го постигна својот првенец за Олимпија, исто така е првиот фудбалер по цела една година, кој успеај да постигне гол од слободен удар во дресот на Олимпија.










