Македонскиот олимписки медалист, Дејан Георгиевски со сребрен медал на силниот Г1 турнир во Романија. Тој во првото коло беше слободен, а потоа нанижа две победи пред да биде поразен во финалето.
Во завршната борба нашиот олимпиец се соочи со Хусеин демирчиоглу од Турција, кој на крајот оствари победа.
Дејан Георгиевски на турнирот беше под водство на помошник селекторот Викторија Спасовска и со ова сребро успеа да освои нови бодови за олимписка норма.










