Додев: Силекс секогаш оди на победа!

15
Фото: ФФМ

По двете победи во низа, првата во првенството против Тиквеш и потоа во Купот над Башкими во Куманово, Силекс денеска (13:30 часот) во рамките од 10. коло во ПМФЛ го пречекува на тимот на Пелистер во обид да ја  продолжи триумфалната серија.

Кратовци ги пречекуваат гостите од Битола во одлична атмосфера со надеж дека ќе дојдат до седмата победа сезонава.

„После двете победи во првенството, и пред се во Купот, полека се вративме во победнички ритам. Тоа придонесе да се подобри атмосферата, после трите последователни порази. Сето тоа го оставаме зад нас и се фокусираме кон следниот предизвик, а тоа е дуелот против Пелистер на домашен терен. Сите сме подготвени да дадеме максимум. Силекс на секој натпревар оди на победа, така ќе биде и на мечот со Пелистер. Ќе дадеме се од себе да стигнеме до три бода“, вели Дарко Додев, играчот од средниот ред на Силекс.

ПретходноМонструозен круг на Ландо Норис за најважната пол-позиција во неговата кариера
Следно„Ел Класико“:Мбапе против Јамал! Реал VS Барса – Титаните на мегдан! (ФОТО)