Интересно стартно коло кај одбојкарите: Драма во пет сета во Тетово и Пробиштип

35
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (FB)

Викендов и официјално започна новото одбојкарско првенство во машка конкуренција. Во некомплетното воведно коло, најинтересниот меч се одигра во Тетово на градското дерби меѓу Универзитет во Тетово и Шкендија.

Навивачите присуствуваа на вистинска драма во пет сета, каде по повеќе од два часа игра домашниот состав славеше со 3:2. Универзитет во Тетово имаше водство од 2:0 во сетови, но Шкендија се врати во игра и израмни на 2:2, а победникот се одлучуваше во тај-брејкот.

Ништо понеинтересно не беше и во Пробиштип, каде домашниот состав загуби на отворањето на сезоната од екипата на Македонија Џио со 2:3. Штипјани беа сигурни на дуелот со Сушево обезбедувајќи победа во три сета, исто како и ГОК Борец кој пред своја публика со максимален резултат ја совлада Лирија.

Натпреварот меѓу Струмица и Јанта Волеј е одложен.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ /  1 КОЛО

Работнички 71&22 – Скопје       3:0

ГОК Борец – Лирија        3:0

Струмица 47&72 – Јанта волеј  одложена

Универзитет во Тетово – Шкендија       3:2

Весна Пробиштип – Македонија Џио    2:3

Сушево – Штип УГД         0:3

Претходно„Кралска“ партија на Реал: Мбапе и Белингем донесоа „Ел Класико“ триумф (ВИДЕО)
СледноЗа малку инцидент: Вини и Јамал разменија остри зборови (ВИДЕО)