Реал Мадрид го доби првото големо „Ел Класико“ оваа сезона во Ла Лига, откако денеска на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 ја совлада Барселона и се осами на врвот на табелата со пет бодови предност во однос на својот денешен ривал. Сите три гола во победата на „кралскиот клуб“ беа постигнати во првото полувреме, кое дефинитивно беше едно од најдобрите кои ги видовме оваа сезона во Шпанија.
Реал поведе со голот на Килијан Мбапе во 22-та минута, откако пред овој гол имаше еден недосуден пенал за Реал по асистенција на ВАР собата и еден поништен гол на Мбапе поради минимален офсајд во 12-тата минута.
Барселона успеа да израмни во 38-та минута со голот на фермин Лопез, по големата грешка на Арда Ѓулер, но Реал (М) се врати во водство во 43-тата минута со голот на Белингем со кој мечот отиде на пауза.
во второто полувреме Мбапе доби шанса да зголеми и на 3:1, но пеналот досуден во 52-та минута, Французинот не успеа да го реализира, односно Шчесни успеа да одбрани. до крајот Барселона имаше иницијатива, но Реал одлично се затвори и не дозволи да прими гол.










