Куманово остана перфектен, Работнички ја доби битката во Гевгелија

44

Куманово ја запиша четвртата победа во низа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Ангели со убедливи 109-67 во меч од четвртото коло. Избраниците на Марин Докузовски во две четвртини го решија името на победникот, на одморот имаа високи 59-27, доволно за победа против далеку понеискусниот состав на Ангели. Кумановци се лидери на табелата, Ангели се седми на табелат.

Луковиќ имаше 19 поени, додека Стевановиќ 18 поени кај победникот. Во редовите на гостите Атанасов имаше 12 поени.

Работнички е победник на дерби дуелот против Кожув, на гостински терен славеше со 81-86 благодарение на добрата игра во последната четвртина која ја добија со двоцифрени 12-25. Претходно резултат се менуваше, но најтрофејниот тим беше најдобар кога беше најпотребно.

Томпсон со 23 поени беше лидер кај победникот, Ефремовски запиша 20 поени. Кај домаќинот Николас запиша 25 поени и седум скока.

После оваа средба, Работнички е шести, Кожув е петти.

ПретходноВан де Вен „шоу“ за победа на Тотенхем кај Евертон (ВИДЕО)
СледноДејан Георгиевски со сребро од Г1 турнирот во Романија