Македонската ракометна репрезентација полека стартува со подготовките за Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров утре ќе прозива за ЕХФ неделата во која нашите ракометари ќе одиграат два пријателски натпревари против Јапонија.
По одличните игри во дресот на Пелистер, Лазаров го повика Дејан Манасков, но членот тој вчера на своите социјални мрежи испрати порака дека нема да игра за Македонија поради лошите односи со селекторот.
Предводникот на нашиот национален тим на негово место повика ракометар од Пелистер, Петар Атанасијевиќ.
Едниот меч против Јапонија ќе биде отворен за јавноста, ќе се игра на први ноември во Куманово со почеток во 16 часот.










