Леверкузен сигурен пред своите гледачи

17

Екипата на Баер Леверкузен забележа нова победа во осмото овогодинешно коло од Бундес лига шампионатот откако денеска на свој терен со 2:0 го совлада тимот на Фрајбург.

Квалитетот на домашните не дозволи никакво изненадување денеска, кои навреме дојдоа до водство во 22. минута преку Поку.

Истото се случи и во продолжението од мечот, кога во 52. минута Тапсоба зголеми на 2:0, наговестувајќи рутинска победа на Леверкузен.

Баер е четврти со 17 поени, додека пак Фрајбург остана на девет бода и е единаесетти.

 

ПретходноДибала и носи на Рома нов триумф
СледноТака се „наплатува“ во фудбалскиот свет: Милинковиќ Савиќ во Ал Хилал до 2028 за 30 милиони по сезона