Лука Дончиќ повторно се повреди, ќе паузира најмалку една недела

36
фото: OptaSTATS (X)

Најдобриот кошаркар на Ла Лејкерс, Лука Дончиќ, доживеа нова повреда на левата нога и ќе мора да пропушти неколку натпревари со својот тим. По само два одиграни натпревари, Дончиќ повторно се повреди и го остави својот тим без вистинска ѕвезда, откако непосредно пред почетокот на новата сезона повреда доживеа и Леброн Џејмс.

Познатиот НБА новинар, Чарлс Чаранија, вечерва објави дека поради повредата на стапалото на левата нога, Дончиќ ќе мора да паузира најмалку седум дена. Словенечкиот кошаркар ќе ги пропушти дуелите против Сакраменто, Портланд, Мемфис, Минесота и Мајами.

Евидентно е дека Лејкерси се мачат без словенецот и дека ова ќе биде многу тежок период за екипата предводена од ЏЏ Редик. Да потсетиме дека на последниот натпревар против екипата на Феникс Санс, Дончиќ уфрли неверојатни 49 поени, а имаше и 8 асистенции и 11 скока.

ПретходноЧаби Алонсо: Екипата беше многу мотивирана, одигравме одличен меч
СледноПелистер не го менува ритамот, лесно до „четири од четири“