Силекс со нова победа овојпат против Пелистер (ВИДЕО)

62

Екипата на Силекс уште еднаш сезонава ги покажа на дело своите нексриени амбиции за највисок пласман во ПМФЛ шампионатот. Во рамките од десеттото коло денеска на свој терен кратовци со 3:1 го совладаа Пелистет и на тој начин стигнаа до 21. бод сезонава и во моментов одлилната трета позиција на табелата.

Триумфот на домашните го најави Дарко Додев во 19. минута со ударот од тешка позиција, на уште потешкиот влажен терен во Кратово. Тој заедно со Пиреш, Мирчевски, можеа уште до полувреме да го решат дуелот но не успеаа да реализираат по втор пат и покрај шансите.

Сепак, Додев погоди за 2:0 во 54. минута, и кога се очекуваше дека Силекс ја има контролата се случи сосема спротивното. Искусниот Стефан Спировски намали на 2:1, за да ги направи нештата на овој меч интересни и неизвесни.

Пелистер заигра поофанзивно се понадева и на бод можеби, но тие надежи ги скрати Говедарица, кој во 87. минута со гол ја запечати судбината на гостите од Битола.

 

ПретходноБруно Фернандо е нов центар на Партизан
СледноМајорка и Леванте ги поделија бодовите