Така се „наплатува“ во фудбалскиот свет: Милинковиќ Савиќ во Ал Хилал до 2028 за 30 милиони по сезона

173

Арапскиот свет според многумина го уништува светскиот фудбал во моментов со безобразно високите суми на откупни клаузули и договори кои што ги нудат на фудбалерите. Голем број на звезди се одлучија да заминат на Блискиот исток, а за сметка на спортскиот аспект од кариерите наплатија огромни суми од клубовите таму.
Еден од оние кои што наместо клуб во Премиер лигата или во Примера се одлучи да замине на Блискиот исток е Сергеј Милинковиќ Савиќ. Србинот можеби веќе сега е далеку од европскиот фудбласки крем, па дури и од репрезентацијата на Србија, но затоа има стотици милиони евра на сметката.

Тој туку што потпиша нов договор со тимот на Ал Хилал каде што игра веќе две сезони, до 2028 година за сума од 30 милиони евра годишно.

Досега за 105 мечеви тој постигна 31 гол и забележа 27 асистенции, а клубот поита да му го продолжи договорот, да не случајно СМС планираше некаде да замине на друго место…

 

ПретходноЛеверкузен сигурен пред своите гледачи
Следно„Кралска“ партија на Реал: Мбапе и Белингем донесоа „Ел Класико“ триумф (ВИДЕО)