Торино со пресврт до домашен триумф против Џенова

12

Екипата на Торино на стартот на денешната програма од Серија А шампионатот, на домашен терен успеа да ја совлада Џенова со конечни 2:1, и на тој начин да освои значајни бодови во овогодинешното првенство.

Домаќинот до трите поени стигна на потешкиот начин затоа што гостите преку норвежанецот Торсби дојдоа до водство од 0:1 уште во седмата минута.

На изедначување домашната публика чекаше се до 63. минута кога Сабели си постигна автогол.

Конечно, херој на домашните е чилеанецот Гиљермо Марипан, кој што погоди во деведесеттата минута од мечот, за огромна радост на домашниот состав.

Торино со оваа победа собра единаесет бодови, додека пак Џенова ја чека тешка битка за опстанок со трите бода на контото и последното место на табелата.

 

ПретходноПМФЛ полувреме: Силекс одигра одлични 45. минути против Пелистер (ВИДЕО)
СледноОдермат прв на премиерниот велеслалом во Зелден сезонава