Кристијано Роналдо стигна до бројката од 950 гола (ВИДЕО)

47
Фото: 365scores Х

Ал-Наср го задржа својот беспрекорен рекорд во Премиер-лигата на Саудиска Арабија откако го победи Ал-Хазем со 2-0 на гостински терен во 6-то коло од првенството.

Жоао Феликс го отвори резултатот во 25-тата минута, а Кристијано Роналдо исто така блескаше со својот гол во продолжението.

Ова беше гол број 950 во кариерата на Португалецот, кој продолжува да го брка 1000-тиот гол. Тој веќе постигна точно 106 гола во дресот на Ал-Наср.

Следниот натпревар на Ал-Наср е во Лигата на шампионите против Ал-Итихад на 28 октомври, а неколку дена подоцна, на 1 ноември, Роналдо и компанија се домаќини на Ал-Фејха во новиот првенствен натпревар.

ПретходноНикола Јокиќ испиша историја во НБА-лига после само два меча (ВИДЕО)
СледноМонструозен круг на Ландо Норис за најважната пол-позиција во неговата кариера