Вардар со победа против Шкендија по цели осум години

139

Вардар слави среде Тетово. Во големата битка на ПМФЛ шампионатот, помеѓу вечните ривали, Шкендија и Вардар, денеска под Шара слевеше гостинот. И тоа со минимални 0:1 со голот на Давид Бабунски од пенал во 54. минута. Со оваа победа Вардар е лидер на табелата со 24 бодови пред Струга ТЛ со 23. односно Шкендија и Силекс со по 21.

Се беше подготвено во Тетово, за нова победа на Шкендија но се случи сосема спротивното. Вардар е тој кој што се радува, пред се затоа што одигра добар, може да се каже одличен натпревар пред се тактички. Не дозволи противникот да се размавне, како што и тоа како добро знае особено пред своите навивачи, и да создаде безброј шанси, да напаѓа во бранови. Напротив, Шкендија по примениот гол речиси и да не се опорави се до последните секунди од мечот кога Бесарт Ибраими постигна гол но од офсајд што ВАР технологијата и го потврди.

Вардар одамна се нема радувано над Шкендија. Цели осум години. Последен пат тоа беше на Арената во Скопје на 14 октомври 2017 година кога на Арената во Скопје беше 4:2. И од тогаш па наваму Вардар се нема радувано на победа против својот голем ривал.

ПретходноВардар го доби дербито со Шкендија и е нов лидер во ПМФЛ (ВИДЕО)
СледноСедлоски: Голема победа за Вардар, но истата не смее да не „дигне во облаци“