Готово: Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор

127

Она што се очекуваше, со оглед на лошата серија на резултати, попладнево доби официјализација во Торино.

Тимот на Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор, досегашниот тренер на екипата откако синоќа тимот загуби со 1:0 од Лацио во рамките од редовното коло во Серија А.

Јувентус нема победено од 13 септември, а минаа осум меча оттогаш. Имаше серија од нерешени резултати, но трите порази по ред, од Комо, Реал Мадрид и Лацио беа премногу за управата на клубот.

Веќе се лицитира со наследниците на Тудор, кој што пак веројатно ќе биде назначен до среда.

ПретходноВо Реал повеќе не можат да го поднесат Винисиус: „Она што го прави е неприфатливо“
СледноИлоски погоди против Чикаго во рамките од 1/8 финалето (ВИДЕО)