Мега – дерби под Шара: Вардар од февруари е без пораз, Шкендија од март!

76

Денеска е ден за мега – дерби. Под Шара се среќаваат Шкендија – Вардар, најголемите, најбогатите и најтрофејни клубови во ПМФЛ. И кога е така, а така е, тогаш јавноста во Македонија со нетрпение чека да види што ќе се случува на ова мега – дерби за наши услови.

И двете “црвено – црни“ екипи на домашна сцена одамна немаат пораз.

Вардар од 16 февруари е без пораз кога во Скопје во меч од првото пролетно коло во минатата сезона беше поразен токму од Шкендија со 1:2.

Дали токму Шкендија ќе стави крај на оваа фантастична и рекордна серија на тимот на Гоце Седлоски?

Тетовските “црвено – црни“ последен пат севкупно на домашна сцена биле поразени во април во 1/2 финалето на Купот на Македонија и тоа од Струга ТЛ и тоа во Тетово со 1:2.

Кога сме кај мечевите од ПМФЛ, Шкендија последен пат била поразена на 5 март, и тоа кај Струга ТЛ со 3:0.

Од ова излегува дека Вардар повеќе од осум месеци е во серија без пораз во ПМФЛ, а Шкендија повеќе од седум месеци.

Кој ќе стави крај на тие серии? Или ќе биде реми па и двете серии ќе продолжат.

Ќе видиме денеска околу 15:30 часот кога ќе заврши мега – дербито.

ПретходноЗејнулаи пред дуелот со Вардар: Дерби не се игра, туку се добива
СледноЕдинаесет месеци затвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на Брегалница во инцидентот во Штип!