Остин Ривс одигра нестварен меч во Сакраменто (ВИДЕО)

40
Фото: ЛА Лејкерс Х

ЛА Лејкерс победи без двете големи ѕвезди Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, кои поради повреди се надвор од состевот. „Езерџиите“ го победија Сакраменто со 127:120.

Првото полувреме беше многу израмнето, а резултатот на полувремето беше 62:62.Малку подобрата игра во третата и четвртата четвртина ѝ донесе победа на гостинската екипа во овој натпревар.

Остин Ривс постигна неверојатни 51 поен и беше лидер во победата. Ова беше и негов рекорд, за првпат во кариерата успеа да дојде до оваа бројка.

Кошаркарскиот тим на Минесота победи со 114:110 дома против Индијана. Далас победи дома против Торонто со десет поени разлика. Конечниот резултат беше 139:129. Лос Анџелес Клиперс победија дома со резултат од 114:107 против Портланд Треил Блејзерс.

ПретходноЈамал е обвинет за поразот на Барса: Тој не ја знае историјата на Ел Класико
СледноМега – дерби под Шара: Вардар чека осум години на победа против Шкендија!