Проблем за Алкалоид, се повреди Урош Борзаш!

72

Екипата на Алкалоид се соочува со проблем. На последниот натпревар од Супер-лигата се повреди еден од двајцата странски играчи во составот на актуелниот првак во ЕХФ Европскиот Куп.

Станува збор за Урош Борзаш кој на дуелот против Пелистер 2 го повреди прстот. Засега не е позната сериозноста на истата и времето кое ќе биде потребно за целосна рехабилитација.

Борзаш добро се вклопи во составот на Лазаров. Неговото отсуство ќе го надполнат младите ракометари Дамјан Митев и Емилијан Ѓорговски.

ПретходноЕдинаесет месеци затвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на Брегалница во инцидентот во Штип!
СледноМатиќ: Знаеме што треба да направиме за добар резултат во Тетово