Тимот на Вардар денеска во еден од најважните мечеви во оваа полусезона, а можеби и во целиот шампионат, со оглед на тоа како се движат нештата, ќе мора да настапи без аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда. Тој има незгодна повреда, за која што ќе треба посериозен третман, и паузата е неминовна. Според неофицијалните информации, офанзивецот кој доби голема минутажа периодов ќе паузира некаде до втората половина на ноември.
Од друга страна пак, што се однесува до Горан Закариќ односно Георгије Јанкулов ситуацијата е спротивна. Тие двајца се фит, и се во комбинација за денешниот дуел во Тетово.
Вардар има доволно играчи на располагање во моментов, односно ростерот е доволно голем за да зависи од еден или два играчи.
Кога недостасува Кастањеда, на таа негова позиција, можат слободно да одговорат и Димитар Тодоровски, и Давид Бабунски, играчи со кои Вардар е сериозно опасен во напаѓачките моменти.















