„Епидемија“ од повреди во НБА: Ѕвездата на Минесота во „аут“ две недели

22

Уште една ѕвезда во НБА лигата се повреди на самиот старт на новата сезона. Имено, играчот на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе отсуствува две недели поради повреда на тетивата на десната нога.

Едвардс се повреди по само три минути на натпреварот против Индијана и не се врати на теренот. Пред натпреварот против Пејсерс, Едвардс имаше просек од 36 поени, 5,5 скока и три асистенции.

Тимбервулвс моментално се наоѓаат на седмото место на Западот со скор од 2-1. Бекот на „Вулвс“ е член на овој тим од 2020 година, кога беше избран како прв пик на драфтот во НБА.

ПретходноКузмановски: Оваа Македонија на секое првенство оди напред, сите треба нè сфатат сериозно!
СледноЈамал за 11 милиони евра сака да ја купи куќата на Пике и Шакира