Лоши вести од Швајцарија, поточно од Лугано, клуб за кој настапува Езѓан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери.
Џани вчера се повредил на мечот со Сервет, според лекарскиот извештај на Лугано, станува збор за фрактура на левата фибула, па го очекува неколку месеци пауза.
Ова значи дена Џани и да сака нема да може да помогне на мечот со Велс во Кардиф следниот месец. Меч кој ќе биде решавачки за тоа дали Македонија ќе заврши втора и ќе игра во баражот за пласман на СП 2026 преку квалификациите, или ќе биде трета во групата Ј и ќе игра бараж за пласман на Мундијалот преку Лигата на Нации.
Штета, ако се знае дека Џани во последно време играше во одлична форма, како во дресот на Лугано, така и во дресот на нашата репрезентација.










