Денеска е ден за мега – дербито во мак – фудбалот. Денеска под Шара од 13:30 часот се среќаваат најтрофејните, Шкендија и Вардар. Клубови кои заедно “тежат“ 16 титули во ПМФЛ. Секоја чест за останатите, но во последните 12-13 години ова е убедливо најголемото дерби во нашиот фудбал. И тоа според големината на клубовите, буџетите, трофеите, настапите во Европа, само Шкендија и Вардар успеале да играат во групната или лигашка фаза во европските натпреварување.
Кога играат Шкендија и Вардар или Вардар и Шкендија, тогаш фудбалска Македонија е во исчекување на убав натпревар, квалитетен натпревар, меч со спортски набој, секако коректно навивање и се она што го носи еден меч како епитет мега – дерби.
Во пресрет на ова дерби главното прашање е дали Вардар ќе може да урне, една за него, крајно непријатна традиција. А таа е дека цели осум години чека победа над Шкендија. Последен пат тоа се случи на 14 октомври 2017 година кога на Арената во Скопје беше 4:2. И од тогаш па наваму Вардар се нема радувано на победа против својот голем ривал.
Дали ќе може конечно да слави денеска и тоа на гостински терен? Останува да видиме некаде околу 15:30 часот.
Ова е последен меч од 10.коло во ПМФЛ. Познато е дека Шкендија во четвртокот играше во ЛК и славеше против Шелбурн со 1:0 и испиша историја.
Па така на „крилјата“ на тој успех ќе сака победа и против Вардар. Гостите од Скопје пак одморени, со големи мотиви и со својот квалитет секако дека се надеваат на добар резултат.
По киксот на Струга ТЛ со Брера дома, овој на овој денешен меч уште повеќе му се дава до знаечење. Победникот од мега – дербито денеска под Шара ќе се искачи на лидерската позиција на табелата. Во случај на реми, стружани и натаму ќе бидат први.
Значи време е за мега – дерби, време е за голема битка меѓу Шкендија и Вардар и тактичко надмудрување на стратезите Јетон Беќири и Гоце Седлоски.















