Полувреме на дербито во Тетово: Шкендија имаше зицер, Најдовски и Талески спасија водство за домаќинот (ВИДЕО)

67
ФОТО: KF Shkendija/FB

Во рамките од десеттото коло од ПМФЛ шампионатот, во моментов во Тетово, се игра големото дерби помеѓу екипите на Шкендија и Вардар.

Во прекрасни услови и одлично време, двата тима овој меч го започнаа претпазливо, секако со оглед на влогот што го носи истиот.

Вардар ја имаше првата ситуација кога нафрлената топка Омерагиќ за зафати со глава но топката мина крај дирекот. Првата ситуација за домаќинот пак ја имаше Љатифи кој излезе во непосредна близина на голот на Талески, но пред да биде беше одлично изблокиран од Јанкулов.

Потоа следуваше најголемото возбудување во првиот дел. Ибраими шутираше силно од слободен удар, Талески брани и одбива во поле, нафрлената топка на вториот дирек, Вебстер ја враќа на петерецот, а таму Спахиу од фантастична позиција шутира силно во празната мрежа но пред него се исправа Најдовски и спасува чист гол. Топката се одби до Ибраими кој бие втор пат во оваа акција но овојпат голманот Талески спасува домашно водство. На спротивната страна пак, на ниското нафрлување на Јанкулов задоцни младинецот Талевски да реагира и да ја заврти топката во голот.

http://youtube.com/watch?feature=shared&v=3AbWQrjKyQk

ПретходноБез Митревски против Јапонија, дополнителен повик за Кизиќ!
СледноПриведени фудбалери на Беса за тепањето на играчи на Аеродром!