Приведени фудбалери на Беса за тепањето на играчи на Аеродром!

232

Вчера се случи тежок инцидент на мечот од Третата лига меѓу Беса и Аеродром, меч кој се одгра во Слупчане. Фудбалери на домашната екипа го претепале на теренот гостинскиот голман, при што тој веднаш бил пренесен во болница во Скопје.

По ова денеска се огласи и Министерството за внатрешни работи кое информираше дека тепачите се приведени:
 На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје. СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во известувањето од МВР.

ПретходноПолувреме на дербито во Тетово: Шкендија имаше зицер, Најдовски и Талески спасија водство за домаќинот (ВИДЕО)
СледноВенгер посочи дека одбраната на Барселона е незрела