Нов голем проблем за тренерот на Реал (М), Чаби Алонсо по „Ел Класико“ триумфот над Барселона. Како што објавија вечерва шпанските медиуми, Даниел Карвахал заработи повреда на коленото.
Бекот на Реал ќе биде подложен на артроскопија. Според информациите, тоа автоматски ќе значи дека Реал го губи Карвахал во период од 2 до 3 месеци.
Карвахал неодамна се опорави од повреда на солеусот.










