Одбојкарките на Работнички ја продолжуваат победничката серија во Првата лига жени, откако денеска во последниот меч од третото коло славеа и над екипата на Газели Волеј со максимални 3:0, по сетови (25:22, 25:22, 25:20). За Работнички ова беше трета победа во исто толку настапи. Репрезентативката Тамара Стојанова со 20 поени го предводеше победничкиот тим, додека во таборот на противникот Сара Горбок беше најефикасна со 10 поени.
Во останатите дуели од тековното коло, одбојкарките на ОК Наковски Волеј по голема борба и пресврт со 3:2 славеа над жилавиот тим на Пелистер Волеј. Шампионките Јанта Волеј со 3:0 ги совладаа своите противнички од Струмица.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 3. КОЛО
Младост УГД – Вардар ЕМ 3:0 (25:18, 27:25, 25:19)
Ускана – Јанта волеј КВ 0:3 (13:25, 7:25, 18:25)
Наковски волеј – Пелистер волеј 3:2 (24:26, 20:25, 15:25, 18:25, 9:15)
Струмица – Фит фан волеј 3:0 (25:16, 25:8, 25:22)
Работнички Скопје – Газели волеј 3:0 (25:22, 25:22, 25:20)










