Гостивар – МЗТ Скопје 57:77 е исходот од вечерашниот дуел со кој се заокружи 4.коло во нашата кошаркарска елита.
Очекувано, убедливо, рутински и речиси без мака и никакви проблеми до победа на гости кај Гостивар.
Ова е третиот триумф на шампионот ако се знае дека единствениот пораз го имаат од мечот со Ангели и тоа службено.
Гостиварци имаа сила само за првата четвртина да му пружат каков – таков отпор на големиот фаворит. Резултатски беа тука некаде, а на крајот од првата четвртина резултатот беше 11:13.
Во вториот период “металците“ како да префрлија во поголема брзина и со тоа само ја билдаа разлика во своја корист. Па така на пауза се замина со 25:41. И тука се виде кој ќе победи на оваа средба.
Во продолжение од мечот МЗТ Скопје одигра повеќе рутински, целта беше само гостиварци да не ја намалат разликата.
До крајот така и беше, победа на МЗТ Скопје со +20 разлика.
Што се однесува до поентерите, најефикасен на мечот беше Смит – Мекејвен со 14 поени, а исто од МЗТ Скопје, МекКаден и Крстевски забележаа по 12 поени.
Кај домашните Караџиќ запиша 12 поени.










