Јетон Беќири: “Одговорноста за поразот во дербито е моја“!

480

Шкендија по цели осум години без пораз од Вардар, денеска во мега – дербито на 10.коло, е поразена од својот голем ривал со 0:1. Не дека тетовци одиграа слабо, посебно не во првиот дел кога имаа и шанси за гол, но сепак реално не беа на она посакувано ниво.

По мечот свој коментар за сајтот на Шкендија, свој коментар имаше Јетон Беќири, стратегот на тетовските „црвено – црни“:
„Во текот на целиот натпревар, сè одеше против нас, со пропуштените шанси, со пеналот, но и можности. И нормално, секогаш во однос на одговорноста кога резултатот не е добар, во овој случај поразот, одговорноста паѓа на тренерот, односно на мене. Сè што ни треба во овој момент е да останеме смирени и да се подготвиме за следниот натпревар“

На прашањето дали го потцениле Вардар:

На вакви дерби мечеви не може да има потценување, верувам дека многу фудбалери во напаѓачкиот дел се надвор од форма и за ова треба да најдеме начин да се извлечеме од овој проблем што го имаме во моментов. Многу малку сме опасни во нападот, во посебни моменти кога имаме чисти шанси пред голот не ги користиме, но исто така не ги користиме ниту грешките на противникот и ова е многу загрижувачко во моментов. Затоа на почетокот нагласив дека сè во овој натпревар отиде против нас.“истакна Беќири.

ПретходноЛоши вести од Швајцарија: Алиоски е повреден, ќе мора без него во Кардиф!
СледноДодека на “Бернабеу“ се скандираше “Барса е КУ*ВА“, еве како реагираше младата ѕвезда на Реал!(ФОТО)