А-репрезентација жени: Русија подобра на двата натпревари во Струмица!

59
ФОТО: ФФМ.МК

Македонската женска А репрезентација претрпе два порази од селекцијата на Русија на пријателските натпревари одиграни на стадионот „Младост“ во Струмица. Нашата репрезентација загуби со 0:2 на првиот меч, а Русинките со убедливи 5:0 славеа на вториот контролен натпревар.

Избраничките на селекторот Александар Андов одиграа сосема солидно на првиот натпревар. Полина Јукљаева во 11. минута го даде водечкиот гол за Русија, а дури во судиското надополнување, гостинките ја потврдија победата преку Залмиева.

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошевска, Катерина Петкова, Павликна Николовска, Елена Панеска (Билјана Панеска), Бојана Петкова, Александра Марковска, Ева Величковска (Рабие Дервиши), Меланија Гроздановска (Јована Павловска), Ребека Симона Мајер, Илза Максути (Хава Мустафи);

Русија: Дудорова, Семјонова, Олексиук, Смирнова, Плешкова, Ишмухаметова, Шкалова, Залмиева, Жаркова, Јукљаева, Петухова.

 

На возвратниот натпревар, Русија славеше со убедливи 5:0.

Резултатот беше отворен во 15. минута. По центаршут од корнер, Марија Дурнова од непосредна близина со глава го погоди блискиот агол од голот на Панчурова. Тој погодок беше единствениот во првото полувреме.

Во вториот дел, Русинките постигнаа уште четири погодоци. Во 53. минута, Полина Јукљаева прими топка во центарот на шеснаесетникот, се сврте и прецизно ја погоди мрежата. Дванаесет минути подоцна, Буткевич продре по десната страна, додаде до Дарина Ишмухаметова, која ја смести топката во голот. Во 72. минута слична акција со прецизен удар ја заврши Глафира Жукова, а точка на натпреварот стави повторно Ишмухаметова, која во судиското продолжение беше сигурна реализаторка од пенал и го запиша својот втор гол.

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошевска, Катерина Петкова, Павликна Николовска (Слаѓана Ѓоргиева), Елена Панеска (Миа Головска), Бојана Петкова, Александра Марковска, Ева Величковска (Данче Карпузовска), Хава Мустафа, Ребека Симона Мајер (Меланија Гроздановска), Илза Максути (Билјана Панеска);

Русија: Таранченко, Буткевич, Олексиук, Дурнова, Шарифова, Залмиева, Шкалова, Ишмухаметова, Јукљаева, Долгова, Жукова.

ПретходноРеакција на ФК Аеродром: Го осудуваме насилството во Слупчане и бараме целосна одговорност!
СледноЛоши вести од Швајцарија: Алиоски е повреден, ќе мора без него во Кардиф!