По голема пауза конечно ПМФЛ шампиоантот викендов ги продолжи своите активности, а како круна на десеттото коло е големото дерби кое што денеска од 13:30 часот се игра во Тетово, помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Екипи кои што во мак-фудбалот имаа тежина и огромно значење.
Шкендија е актуелниот шампион, нашиот претставник во групната фаза од Лигата на Конференции, додека пак Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски колектив на сите времиња.
Двата тима сезонава имаат отворени амбиции за атак на титулата, а тоа го покажуваат и преку игрите резултатите, а и местото на табелата во досегашниот дел од шампионатот. Околу тоа што, како и колку може денеска тимот на Вардар, на „жешкиот“ терен на Градскиот стадион во Тетово, зборува столбот на одбраната на „црвено – црните“, хрватскиот интернационалец Мислав Матиќ.
„Нормално дека дуел против Шкендија на гостински терен, против актуелниот првак, и учесникот во групната фаза од Лигата на Конференции во моментов се нарекува тежок меч. Захтевен меч во секој случај. Шкендија има квалитет, тука нема дилеми. Затоа, може слободно да се каже дека на ваков дерби натпревар, мора да си двојно по сконцентриран, двојно по агресивен, дупло по брз, за разлика од некои по лесни мечеви, ако воопшто има такви“ – вели Матиќ па додава. „Ние секако ќе дадеме се од себе за да дојдеме до позитивен резултат, тука бидете сигурни. Дали ни оди во прилог тоа што Шкендија игра во Европа? Да, мислам дека ни оди. Имаат густ распоред, многу мечеви, но да напоменам. Ние премногу и не се оптоваруваме со противникот. Знаеме што треба да направиме за да дојдеме до добар резултат во Тетово, и токму тоа ќе го сториме“, вели Матиќ.















