Победничко селфи: Вардар на врвот на Шара!

232

Вардар го доби мега – дербито со Шкендија и тоа среде Тетово. Еден гол, оној на Давид Бабунски од пенал, беше сосема доволен нашиот најтрофеен клуб да ги освои трите бода и да ја прекине црната серија од дуелите со големиот ривал.

Да потсетиме, ова е прва победа на Вардар против Шкендија и тоа од октомври 2017 година.

Со оваа победа Вардар се најде и на челната позиција на табелата, а се славеше и во гостинската соблекувална каде, како што и личи, Вардар ја прослави победата и со победничко селфи.

ПретходноФФМ: Ситуацијата е регуларна…нема фаул и има пенал за Вардар!(ВИДЕО)
СледноФановите на Наполи во шок: Спалети на клупата на Јуве?! Што ќе биде со тетоважата?