Екипата на Алкалоид се соочува со проблем. На последниот натпревар од Супер-лигата се повреди еден од двајцата странски играчи во составот на актуелниот првак во ЕХФ Европскиот Куп.
Станува збор за Урош Борзаш кој на дуелот против Пелистер 2 го повреди прстот. Засега не е позната сериозноста на истата и времето кое ќе биде потребно за целосна рехабилитација.
Борзаш добро се вклопи во составот на Лазаров. Неговото отсуство ќе го надполнат младите ракометари Дамјан Митев и Емилијан Ѓорговски.










