Ракометарот на Алкалоид, Урош Борзаш е повреден и ќе мора да отсуствува од терените најмалку еден месец. Според информацијата од српската репрезентација, Борзаш нема да биде дел од изборот на селекторот Гонзалес, откако заработил повреда на раката.
Станува збор за фрактура на прстот, заработена на последниот меч меѓу Алкалоид и Е. Пелистер. Рендгенската снимка покажала дека неговата рака има фрактура и левиот бек ќе мора да паузира еден месец.










