Реакција на ФК Аеродром: Го осудуваме насилството во Слупчане и бараме целосна одговорност!

106

По се она што се случи викендов на средбата од Третата лига во Слупчане, на мечот меѓу Беса и Аеродром, денеска со своја рекција се огласија и од гостинскиот тим.

Да потсетиме дека на овој меч домашни фудбалери претепаа гостински играчи, по тој повод МВР веднаш реагираше и ги приведе тепачите.

Ова е реакцијата на ФК Аеродром:

Во врска со немилиот настан кој се случи вчера (26.10.2025) на натпреварот од Третата лига – Север, помеѓу ФК Беса (Слупчане) и ФК Аеродром, сакаме јавно да ја информираме спортската јавност за следното:

По последниот судиски свиреж, нашите фудбалери беа физички нападнати од страна на дел од фудбалерите на противничкиот тим.

Во инцидентот беа нападнати тројца наши играчи – голманот и уште двајца фудбалери, кои претрпеа телесни повреди и сите беа веднаш пренесени во болница во Скопје, каде што им беше укажана лекарска помош.

По укажаната медицинска интервенција, двајца фудбалери се пуштени на домашно лекување, а голманот сè уште е хоспитализиран.

Натпреварот заврши со победа на нашиот тим (2:1), а непосредно по досудениот крај, следуваше неиспровоциран и брутален напад врз членовите на ФК Аеродром.

ФК Аеродром најостро го осудува овој чин на насилство и апелира до Фудбалската федерација на Македонија, надлежните дисциплински органи и Министерството за внатрешни работи да преземат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите.

Фудбалот мора да остане симбол на спортски дух, фер-плеј и почит, а не поле на агресија и опасност за здравјето на спортистите.

Им се заблагодаруваме на сите клубови, спортски работници, навивачи и медиуми кои испратија пораки на поддршка и солидарност со нашите повредени играчи.

ФК Аеродром ќе продолжи да се бори чесно на теренот и да го промовира спортот како место на фер натпреварување, со меѓусебна почит и спортски духсе вели во соопштението на ФК Аеродром

ПретходноБразилецот ја претера: Реал Мадрид ќе го казни Винисиус!
СледноА-репрезентација жени: Русија подобра на двата натпревари во Струмица!