Голманот на Интер дел од сообраќајка со смртни последици

146

Страшни вести пристигнуваат од Италија. Голманот на Интер, Хосеп Мартинез со својто автомобил одејќи накај тренинг центарот на клубот, околу 09:30 утринава удрил човек кој што се возел со возило за инвалиди по што човекот починал.

Да бидат нештата појасни за овој трагичен настан, човекот имал 81. година и според првичните информации веројатно веќе ја имал загубено свеста, или пак доживеал срцев, или мозочен удар по што се нашол во траекторијата на движење на возилото со кое управувал Мартинез.

Шпанецот веднаш застанал и се обидел да и пружи помош на жртвата но веќе било доцна, бидејќи таа веќе била почината.

Италијанските власти моментално собираат докази и изјави од очевидци за целосно да ги разјаснат околностите околу инцидентот, иако сè укажува на трагична и ненамерна несреќа.

https://twitter.com/SkySport/status/1983137761654669810
ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноСрбија го доби наследникот на Пикси?!