Искусниот Борче Христов е нов тренер на тимот на Тиквеш. Откако Ѓорѓи Мојсов си поднесе оставка по поразот од Арсими на домашен терен од 3:4, Христов го наследува на тренерското кормило во Кавадарци.
Иако во јавноста по оставката на Мојсов, се шпекулираше со доста имиња, во Кавадарци се одлучија за Христов кој е пред се искусно решение, кое што ќе се обиде во следниот период да го извади Тиквеш од кризата во која што кавадаречкиот тим е западнат периодов.
Христов инаку во минатото беше дел од младинската школа на Вардар, беше главен тренер на Борец, Работнички, Еуромилк, а има и интернационално искуство во екипите на Карабах, Зира….















