За Елмас 85.минути: Наполи со минимална победа кај Лече!

54
ФОТО: SSC Napoli/FB

Иако далеку потешко од очекувањата, Наполи сепак успеа да победи на гости кај Лече и тоа со 0:1. И веднаш да кажеме дека Елиф Елмас беше стартер кај шампионот и беше во игра се до 85.минута. Реално Дијамантот одигра сосема солидна партија.

Стрелец на победничкиот гол беше дело на Ангиса во 69.минута. Сепак треба да се каже дека составот на Антонио Конте имаше и доста среќа ако се знае дека во 55.минута Камарда, на резултат 0:0, не успеа на домашните од пенал да им донесе водство. Поточно голманот на Наполи, Милинковиќ – Савиќ му го одбрани ударот од белата точка.

Со оваа победа актуелниот шампион сега има 21 бод па така и натаму се наоѓа на лидерската позиција на табелата, но и со меч повеќе од втората Рома.

Наполи уште еднаш не блескаше, победи на мускули што се вели, но сепак бодовите се бројат, тие се најважни.

ПретходноУспешна домашна премиера во АБА2-лига: ТФТ ја доби драмата со Војводина
СледноОсум поени на Јакимовски во победничката драма за Тренто