Коментар на 10.коло: Сега Вардар се прашува, нов тренер во Тиквеш, Брера си “гази“…

164

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Само најтрофејниот клуб во Македонија по ова 10.коло остана непоразен во тековната 2025/26 сезона. И не само што е непоразен туку се перчи на лидерската позиција на табелата.

Струга ТЛ доживеа сензационален пораз од Брера дома со 2:4, додека Шкендија беше поразена од Вардар во мега – дербито под Шара со 0:1. Со тоа овие две екипи ги претрпеа првите порази.

И затоа велиме дека сега Вардар се прашува, и тоа како. Сега Вардар во битката за титулата има +1 пред Струга ТЛ а +2 пред Шкендија и Силекс. Јасно е дека допрва ќе се разгорува битката за титулата.

За мега – дербито што да се каже? Шкендија не знаеше да постигмне гол, а Вардар умешно ги користеше грешките на тетовци и затоа победа. Којзнае, можеби на крајот од сезоната токму овој меч ќе се покаже како решавачки за титулата.

За Силекс важно е дека ја преброди кризата и дека се вклучи во битката за тронот, а веќе во петок играат Вардар и Силекс. Уф, каков меч тоа ќе биде.

Вардар против Силекс, Седлоски против Васоски, меч за фудбалско уживање.

Тиквеш има нов тренер. По поразот од Арсими дома со 3:4, Ѓорѓи Мојсов си поднесе оставка, а денеска кавадарчани го назначија искусниот Борче Христов за негов наследник. Христов своето деби ќе го има во Битола кај Пелистер.

А што да се каже за Пелистер. И со новиот тренер Милан Стојановски, битолчани продолжуваат со старите навики. Пораз од Силекс во Кратово, катастрофално лошо прво полувреме, во второто нешто подобро, ама пораз си е пораз.

Работнички никако да победи, одигра реми без голови со Македонија ЃП. Башкими немаше проблеми со Шкупи, па еве ги кумановци на 4.место на табелата. А петта е Брера. Струмичани на почетокот на сезоната сите ја отпишаа, и предвидуваа сигурно испаѓање, а сега овој тим има само -6 бода од шампионот Шкендија.

И дефинитивно тренерот Алаѓозовски прави одлични работи со Брера.

Вчера заврши 10.коло, а веќе утре со два меча стартува единаесеттото коло во нашата елитна лига.

ПретходноЛиверпул со целосна поддршка за Арне Слот!
СледноСтрумица со пораз и кај Динамо Букурешт ги заврши настапите во ЛШ!