Конечно. По цели осум месеци нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не само што беше стартер, туку беше и во текот на целиот меч на голот на Валенсија на еден официјален меч.
Вечерва во натпревар од 1/64 финалето на Копа Дел Реј, македоснскиот репрезентативен голман доби шанса да брани на голот на Валенсија на гостувањето кај нисколигашот Марачена.
Откако по првиот дел беше 0:0, во вториот дел тимот од “Местаља“ постигна пет голови и со конечни 0:5 успеа да избори пласман во следната рунда во ова натпреварување во Шпанија.










