Ливерпул со целосна поддршка за Арне Слот!

28
ФОТО: FC Liverpool/FB

Нема ни најава, а уште помалку било каков отказ. Арне Слот и натаму ќе седи на клупата на Ливерпул. Раководството на “Редси“ му ја дава целосната поддршка на својот стратег кој минатата сезона така моќно и надмоќно ја освои титулата во Премиер – лигата.

Ливерпул под водство на Холанѓанецот оваа сезона не само да е во црна серија од четири порази во низа во Премиер – лигата, туку и играчки навистина е лош. А ова лето “Редси“ како никогаш досега купија играчи и дадоа силни милиони за Вирц, Екитике, Исак… а никој од нив не покажува ништо.

Во последните неколку дека на социјалите мрежи дел од фановите на Ливерпул бараа отказ за Слот, но раководството на клубот не мисли така.

ПретходноУЕФА ја казни Шкендија со 20.000 евра!
СледноКоментар на 10.коло: Сега Вардар се прашува, нов тренер во Тиквеш, Брера си “гази“…